Серија А: Заслужен одмор за Пандев и Несторовски, половина час за Елмас во лудиот триумф на Наполи над Кротоне (ВИДЕО)

Наполи стигна до победа од 4-3 во лудиот натпревар против Кротоне во 29. коло од италијанската Серија А. Домаќините брзо поведоа со 2-0 со головите на Инсиње во 19. и Осимхен во 22. минута. Три минути подоцна гостите намалија на 2-1 со голот на Сими, а до крајот на првиот дел Мертенс во 34. минута повторно донесе предност од два гола за наполитанците.

Избраниците на Гатузо катастрофално го отворија вториот дел дозволувајќи му на гостинот преку Сими во 48. и Месиа во 59. минута да израмни на 3-3. Ељиф Елмас доби шанса во 62. минута, по која Наполи веднаш се разигра и преку Ди Лоренцо во 72. минута успеа да стигне до триумф од 4-3.

Горан Пандев заслужено доби одмор за мечот против Фиорентина во кој неговата Џенова ремизираше 1-1, а и Илија Несторовски не доби шанса за својот Удинезе во поразот од Аталанта од 3-2.

РЕЗУЛТАТИ СЕРИЈА А 29. КОЛО: 

Аталанта – Удинезе                      3-2

Беневенто – Парма                       2-2

Каљари – Верона                           0-2

Џенова – Фиорентина                  1-1

Лацио – Специја                            2-1

Наполи – Кротоне                        4-3

Сасуоло Рома                                 2-2

 

 

 

Се вчитува...