Сериозно засилување за ЖРК Чаир: Турската репрезентативка Озкан нов член на клубот (ФОТО)

Екипата на ЖРК Чаир донесе сериозно засилување за следната сезона во македонската Суперлига.

Чаир се засили со една од најдобрите ракометарки на Турција, Севдa Озкан која игра на десната бековска позиција.

Озкан потекнува од школата на Бурса, а во Чаир доаѓа од редовите на Анкара.

„Градиме одличен тим за претстојната сезона и потписот на Севдa Озкан е дел од еден сериозен проект“ – информираат од клубот.

Се вчитува...