Јувентус сезонава загуби два натпревари во битката за трофеј во Италија. Најпрво пред шест месеци загуби од Лацио во битката за Суперкупот, а пред два дена и од Наполи во финалето од Купот на Италија.
А, тренерот Маурицио Сари како и поголемиот дел од фановите на Јувентус сметаат дека за тоа голема вина носи Кристијано Роналдо, кој не се виде на теренот.
„Тој пораз носи потпис на Кристијано Роналдо. Португалецот е физички неподготвен и не може никого да предлиба“ – истакна Лука Тони за Раи Уно, додека „Газета дело спорт“ даде најслаба оценка за португалскиот репрезентативец.
Но, во одбрана на Роналдо застана неговата сестра Елма Авеиро…
„Што повеќе сакате? Дава се од себе, но не може чуда да направи се сам. Не разбирам како може вака да играат. Но, главата горе. Јасно е дека не можеш се сам, кралу мој“ – порача сестрата на Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА