Сетиен: Баерн е многу силен, очигледно е дека не растури

Барселона доживеа огромен пораз (2-8) од Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Ниту најголемите песимисти не очекуваа дека каталонскиот тим ќе доживее ваков дебакл. Тренерот Кике Сетиен признава дека Баерн е многу силен и дека поразот е понижувачки за Барселона.

„Ова е страшно болен пораз. Почнавме добро, но силата на нивниот тим беше недостижна за нас. Барса е толку голем клуб што ова боли премногу“, изјави Сетиен.

Тој е свесен дека ќе мора да го напушти кормилото на каталонскиот гигант.

„Сега е премногу рано да размислувам дали би продолжил или не. Тоа не зависи од мене, потребно е добро да се размисли земајчќи ја во предвид ситуацијата и важноста на овој понижувачки пораз. Очигледно е дка овој огромен пораз ме повреди. Начинот на копј тоа се случи е неверојатно болен. Не се грижам само за мојата иднина, туку за гордоста на клубот и чувствата на навивачите на Барселона“, истакна тренерот на Барселона по дебаклот од Баерн Минхен.

 

Се вчитува...