Сетиен е веќе поранешен, Покетино најсериозен кандидат за нов тренер на Барселона

Кике Сетиен, по срамното понижување кое го доживеа Барселона со неверојатниот пораз од 2-8 од Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите, веќе е поранешен тренер на каталонскиот тим.

За утре, веќе е најавен, и официјалниот отказ за Сетиен по дебаклот во Лисабон, кој веќе е подготвен од раководството на Барса.

Како што пренесуваат дел од шпанските медиуми, најсериозен кандидат за негов наследник е поранешниот тренер на Еспањол, Саутемптон и Тотенхем, Маурицио Покетино.

Се вчитува...