Сетиен го преживеа кризниот состанок – Ќе ја води Барселона во Лигата на шампионите

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен ќе добие уште една шанса, и покрај поразот од Осасуна и загубената титула во Ла Лига, одлучи раководството на клубот.

Иако, се чини, од поодамна ги загуби конците во соблекувалната, 61-годишниот Сетиен ќе продолжи да ја води Барса, уште најмалку на два натпревари. На кризниот состанок во клубот одлучено е Сетиен да се задржи до крајот на настапите во Лигата на шампионите.

Сезона без титула може да извлече единствено во Лигата на шампионите, а токму тоа натпреварување ќе ја одреди неговата судбина за следната сезона. По последниот првенствен натпревар в недела против Алавес тимот ќе добие шест дена одмор, па продолжува со подготовките за осминафиналето од ЛШ.

Се вчитува...