Сетиен пред отказ: „Нема да му се извинам на Гризман…“

Ремито со Атлетико Мадрид (2-2) во голема мера значи збогуб за Барселона од одбраната на шампионската титула во Шпанија. Сега се е во рацете на Реал Мадрид кој би можел да се одвои на четири бода разлика.

Сето тоа значи и набрзо отказ за тренерот на каталонскиот тим, Кике Сетиен. Поголемиот дел од ѕвездите во тимот се разочарани од начинот на кој ги води Сетиен, а број еден меѓу бунтовниците е Антоан Гризман кој под негово водство е резерва.

„Не може секој да игра“ – изјави синоќа Сетиен на прашањето околу францускиот напаѓач кој во игра против поранешниот клуб влезе во 90. минута.

„Не е лесно… Не се согласувам со оние кои велат дека не верувам во Гризман. Тој е важен играч за нас, и само околностите не прислија да го ставам на клупа. Оние кои добија можност од првата минута добро ја завршија задачата. Знам дека на Гризман му е тешко, ќе разговарам со него но сигурно нема да му се извинам. Јасно ми е дека се чувствува лошо, но и јас се чувствувам лошо затоа што тој е одличен фудбалер и прекрасна личност“ – вели тренерот на Барселона.

Се вчитува...