Севилја го сака Депај, но тој сака во „елитен“ клуб

Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај многу веројатно дека во еден од следните два преодни рока ќе го напушти тимот и ќе има нова средина. Севилја е сериозно заинтересирана за неговите услуги, и ќе се обиде на зима да го ангажира.

Меѓутоа Депај им соопштил на челниците на Барса дека ќе оди само во клубот од врвот. Минатото лето имаше договор со Јувентус, но до тоа не дојде.

Холанѓанецот на лето ќе стане слободен играч, па Барселона ако сака да заработи нешто, ќе мора да го продаде на зима. Депај во моментов е на рехабилитација поради повреда, но се очекува да биде подготвен за Мундијалот во Катар каде беше повикан од селекторот на Холандија, Луј Ван Гал.

Се вчитува...