Фудбалерите на Севилја по се изгледа и сезонава ќе се спасат и ќе обезбедат опстанок во домашниот шампионат откако вечерва со пресврт славеа на гостувањето кај Вилјареал со 2-3 во натпревар од 36. коло во Ла лига.
Домаќините стигнаа до брза предност од 2-0 со погодоците на Морено во 13. и Микаутадзе во 20. минута. До крајот на првиот дел гостите успеаја целосно да се вратат во мечот (2-2) со погодоците на Осо и Салас.
Голема победа за клубот од Андалузија (2-3) донесе Адамс во 72. минута.
Villarreal 2-[3] Sevilla – Akor Adams 72'
byu/Meladroit10 insoccer
Во вториот меч од програмата од 19 часот Еспањол славеше над Атлетик Билбао со 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
