Шаќири по шест месеци го напушта Лион?

Џердан Шаќири по само шест месеци минати во таборот на Лион, би можел да си замине и да се врати во Германија, пренесува германски „Скај“.

Шаќири имаше добар почеток на сезоната каде беше стандарден, но потоа го загуби првотимскиот статус. За него биле заинтересирани неколку германски клубови, и таму може да ја продолжи кариерата. Бундеслигата не е непознаница за Швајцарецот, кој играше во Баерн Минхен од 2012 до 2015 година.

После тоа Шаќири играше за Интер и Ливерпул. За Швајцарија има одиграно 100 натпревари.

Се вчитува...