Продажбата на дресовите на Шалке 04 се зголеми откако фудбалскиот клуб ја прекина соработката со руската компанија Гаспром, која беше главен спонзор.
Како што објави клубот денес, навивачите на Шалке 04 брзале да купат дресови без името од препознатливото лого на Гаспром.
„Поради големата побарувачка на дресови, онлајн продавницата на клубот моментално го достигна целосниот капацитет”, соопшти Шалке на социјалните мрежи.
Шалке ја прекина својата соработка со долгогодишен спонзор поради воената интервенција на Русија во Украина.
„Оваа одлука нема да ја промени финансиската состојба на клубот. Менаџментот е уверен дека во блиска иднина ќе може да претстави нов партнер”, се вели во соопштението на германскиот второлигаш.
Шалке се откажа од втората лига минатата сезона, а Гаспром е главен спонзор од 2007 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА