Шалке конечно победи, Унион Берлин полека ја губи битката за врвот на табелата

Фудбалерите на Шалке 04 ставија крај на црната серијата од седум натпревари со пораз во Бундеслигата и стигнаа само до вториот триумф во првенството откако славеасо 1-0 во дуелот против Мајнц во 14. коло. До три бода тимот од Гелзекирхен го предводеше Тероде со гол во 10. минута.

Унион Берлин полека ја губи битката за првата позиција на табелата откако денеска повторно испушти бодови. Овој пат од Аусбург кој се избори за 2-2 во главниот град на Германија во натпревар во кој сите голови беа постигнати во првото полувреме.

Во останатите натпревари Лајпциг славеше против Фрајбург со 3-1, Антрахт Франкфурт со 4-2 против Хофенхајм, а на победа претходно се радуваше и Баер Леверкузен кој го доби гостувањето против Келн со 1-2.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...