Шампион од Ролан Гарос за време на корона-кризата работи во супермаркет

Кризата која го зафати светот поради коронавирусот го блокираше целиот спорт, а под силен удар е тенисот. Особено играчите кои немаат акумулирано богатство како Федерер, Надал Ѓоковиќ и неколкумина други кои можат да го издржат периодот во кој нема турнири и заработка. Затоа дел од тенисерите додека не играат тенис мора да работат за да имаат некакви приходи.

Таков е случајот со ланскиот освојувач на титулата на Ролан Гарос во двојки, Германецот Кевин Кравиц. Тој минатата година со сонародникот Андреас Мес го освои трофејот во Париз, а сега реди производи во супермаркет.

„Работам за 450 евра во супермаркет веке неколку недели. Секогаш планирав да пробам како е со „нормална“ работа. Коронавирусот ми даде прилика за тоа. Со колега ги редиме полиците со сирење и салами. Минатата недела бев и обезбедување на супермаркетот“ – вели Кравиц.

Тенисот ќе биде во прекин најмалку до средината од јули. Откажан е и Вимблдон, а Ролан Гарос е презакажан за на есен.

 

 

 

 

Се вчитува...