Шампионски старт на Олимпијакос, Барселона ја доби драмата со Ефес

Актуелниот европски шампион Олимпијакос со победа ја започна новата сезона во Евролигата.

Грчкиот тим во првото коло гостуваше во Виторија каде против Басконија славеше во убедливи 106:89. Кошаркарите на Олимпијакос уште во првата четвртина покажаа кој е кој и постигнаа 36 поени.

Сите дилеми беа решени во третата четвртина кога Олимпијакос дојде до 21 поен предност (81:60). Тајлер Дорси со 25 поени и Саша Везенков со 22 поени беа најдобри кај грчкиот тим, додека Лоусон со 20 поени ја предводеше листата на стрелци кај Басконија.

Барселона со голем пресврт го победи Анадолу Ефес со 89:82. Каталонскиот тим катастрофално го започна натпреварот губеше со 4:19, но откако се созеде од почетниот шок полека почна да ја намалува негативата, и по тројката на Брисуела поведе со 45:44, резултат со кој замина на пауза.

Второто полувреме помина во израмнета игра, екипите се менуваа во водство и се навестуваше неизвесна завршница, што и се случи. Барселона во последната минута од мечот влезе со предност од три поени по поените на Балцеровски. Н

а 40 секунди до рајот Робинсон погоди за 86:82, по што во следниот напад Мајк Џејмс заработи техничка грешка бидејќи реагираше кај судиите и бараше прекршок од Пантер. Со тоа и дефинитивно беше решен победникот. Брисуела со 20 поени беше најдобар кај Барселона, додека Мајк Џејмс даде 22 поени на спротивната страна.

Во последниот натпревар Асвел со 84:74 го совлада Макаби Тел Авив.

Се вчитува...