Шампионскиот појас на Мухамед Али продаден на аукција за шест милиони долари!

Шампионскиот појас на легендарниот боксер, Мухамед Али од познатата борба со Џорџ Форман во 1974 година е продаден на аукција за 6,18 милиони долари.

Според лицитацијата на куќата од Далас, станува збор за купувачот Џим Арсеј, кој е сопственик на НФЛ клубот Индијанаполис Колтс.

Шампионскиот појас на Али ќе биде изложен на втори август во Чикаго, а на деветти септември во Индијанаполис. Борбата од 1974 година е една од најпознатите во историјата на боксот. Али го нокаутира Форман во осмата рунда во Заир и ја врати светската титула во тешка категорија.

Се вчитува...