Шкендија се пласираше во третото коло од квалификациите за Конференциската лига по големата победа од 3-1 на синоќешниот реванш против Браво од Словенија.
Гостите дојдоа со предност од еден гол, дури и поведоа со 0-1 во Скопје, но Шкендија покажа дека е најсилна кога е најтешко, успеа да постигне три погодоци и да ја продолжи својата европска авантура, како единствен македонски клуб што се уште е дел од европските купови летово.
Во продолжение, погледнете ги најинтересните моменти од синоќешниот реванш и кулминацијата на возбудувањата – голот на Марко Ѓорѓиевски во финишот што ја одведе Шкендија во следната рунда…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
