Шарапова ја откри вистинската причина за раскинувањето со Саша Вујачиќ

Една од најубавите тенисерки во историјата Марија Шарапова во својата автобиографија откри многу детали околу нејзиниот живот. Во книгата пишува и за врската поранешниот НБА кошаркар и шампион со ЛА Лејкерс Саша Вујачиќ за кого требаше да се омажи во 2012 година.

„Пред Ролан Гарос 2012. почнав да се дистанцирам од него. Кога го освоив трофејот го барав од соблекувалната. Беше тешко да се чуе дека е на тренинг и дека не го гледал моето финале. Ми честиташе. Јас почнав да му заблагодарувам за се што направи за мене. Сепак, кога ме побара истиот ден вечерта беше различен. Несреќен, бесен. Рече дека го гледал цел меч и церемонијата. Веднаш сфатив што беше проблемот. Тој беше лут на мене бидејќи во победничкиот говор ниту еднаш не го споменав. Чекав неколку месеци знак од негова страна и го добив со една реченица. Готово е меѓу нас“, стои во автобиографијата на Маша. 

Шарапова одлучи да ја заврши богатата тениска кариера во која освои пет грен-слем трофеи.

Се вчитува...