Новиот кошаркар на Денвер Нагетс, Дарио Шариќ за американските медиумите говореше на повеќе теми, а една од нив беа и кошаркарите кои доаѓаат од Балканот.
На прашање да го прокоментира толувањето дека многу кошаркари на Балканот имаат голем кошаркарски IQ, Хрватот образложи која е најголемата разлика помеѓу Балканот и САД.
„Можеби. И во Америка има играчи со висок кошаркарски IQ, но ние така учиме да играме од почеток. Не гледаме како да бидеме побрзи од некого или како ќе го издрибламе туку како ќе го надмудирме. Поголем акцент се става на тоа. Учиме да играме тимски бидејќи таму имаме клуб и 12 кошаркари учиме да играме заедно со цел да се вклопиме во тимот, додека во САД секогаш имате еден или двајца играчи во чии раце постојано ќе биде топката и ќе си ја завршат задачата. Тука има фантастични играчи кои не можат да се чуваат „еден на еден“, додека таму повеќе се работи „пет на пет“, вели Шариќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА