Шеесет дена до ЕП во Македонија – ЕХФ го одбележа со гол на Јанкуловска (ВИДЕО)

Остануваат шеесет дена до стартот на женското ракометно Европско првенство на кое еден од кодомаќините ќе биде и Македонија. Нашата земја ќе ги пречека најдобрите ракометни селекции заедно со Словенија и Црна Гора.

Европската ракометна репрезентација 60 дена до почетокот на првенството одлучи да ги одбележи со прекрасниот погодок на Ангела Јанкуловска во мечот против Словенија како дел од ЕХФ ЕВРО купот.

Македонија на шампионатот ќе игра во групата Ц заедно со: Франција, Холандија и Романија.

 

Се вчитува...