Шеици од Катар ја купуваат Парма

Италијанскиот калчолигаш Парма ќе биде продаден на конзорциум од Катар. Седумте сопственици на Парма договориле да го продадат клубот на катарски бизнисмени за 65 милиони евра, објавија медиумите на Апенините.

Според договорот, Катарците ќе станат апсолутни сопственици на сите акции на клубот, но под еден посебен услов. Наредните пет години актуелните клупски сопственици и понатаму ќе бидат дел од тимот кој го доведоа од Серија Д до Серија А и во секој момент ќе можат да го поништат влезот на катарските бизнисмени доколку нешто им биде сомнително, исто како што направока и со претходниот купувач, кинескиот бизнисмен Лижанг.

Парма во 2015 година банкротираше, тогашниот сопственик Томасо Џирарди е осуден на четири години затворска казна поради малверзации со клубот. Тогашниот спортски директор Пјетро Леонарди ќе мине шест години зад решетки, па оттаму и јасно е зошто сегашните сопственици на Парма инсистираат на таква клаузула во продажниот договор со катарската групација.

 

 

Се вчитува...