Шеји: Требаше да победиме против Македонија ЃП, судбината ни го сврте грбот

Шкупи и Македонија Ѓорче Петров одиграа без победник 1-1 во натпревар од 31. коло во Првата македонска фудбалска лига.  Резултатот го отвори играчот за врска Инасио Квевен, во 58. минута, а тимот од Чаир ја имаше победата во свои раце се до последната минута кога гостите од пенал преку Ермедин Адем ги постави конечните 1-1.

По натпреварот за официјална веб-страница на чаирчани зборуваше дефанзивецот Блертон Шеји.

„Беше тежок натпревар, игравме против добро организиран тим, доминиравме во текот на целиот натпревар, но судбината ни го сврте грбот каде во последните секунди успеаја да постигнат гол од белата точка. Секако дека тоа беше епизода која треба да се заборави, сега продолжуваме да работиме за следниот натпревар“, изјави Шеји.

Во следното коло Шкупи ќе се сретне со Шкендија која денеска загуби од Академија Пандев со 4-2.

Се вчитува...