Шенсои: За да не бидеме ’чергари’, нека ни ги направат соблекувалните во Битола

На почетокот на минатиот декември стартуваше реконструкцијата на стадионот „Под Тумбе кафе“ во Битола, а Пелистер се надеваше дека наскоро ќе го добие својот дом во ново руво. Сепак, состојбата сега тапка во место, а тимот на Начи Шенсои се уште чека на изградба на соблекувалните, иако за неколку седмици ќе биде стартот на вториот дел од сезоната.

Стратегот на „зелените“, упати апел до надлежните, соблекувалните од стадионот да бидат подготвени, откако тие ќе се вратат од Турција.

„Сметам дека Пелистер заслужува добар третман и апелирам до надлежните да ја завршат реконструкцијата на соблекувалните, а потоа останататиот дел од стадионот. Кога ние ќе се вратиме од Турција, сето тоа да биде завршено и да влезиме во убави простории, а не да завршиме на улица, како чергари. Очекувам дека ќе биде исполнето ова мое барање, затоа што Пелистер има големи амбиции сезонава, а тие најубаво е да ги оствариме на нашиот стадион во Битола“ – истакна за ЕКИПА, тренерот на Пелистер, Начи Шенсои.

Се вчитува...