Шест месеци затвор и пет години забрана за влез во Србија за хрватските хулигани

Хрватските хулигани кои беа дел од големата пресметка на трибината на „Гробарите“ на вечното дерби против Црвена Звезда, се спогодија со обвинителството на Србија и ќе добијат релативно мали казни за стореното дело. Тројца од нив, кои спогодбени се согласија со обвинението, добија казни од четири и шест месеци затвор, како и забрана за влез во Србија во траење од пет години.

Вишиот Суд во Белград го прифати тоа што хрватските хулигани ја признаа вината и Хрвоје Баковиќ (32), и Анте Фириќ (27) ги казни со шест месеци затвор, додека Иван Роланд Мишковиќ (19) доби затворска казна од четири месеци. Тие ќе бидат префрлени во затворот во Сремска Митровица до комплетно отслужување на казната. Останатите, кои не сакаа да ја прифатат вината, ќе се појават утре во судот.

Се вчитува...