Шести пораз за ракометарките на ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија се уште е без победа на Европското првенство во ракомет на плажа откако и во групата за разигрување од 9. до 16. место загуби и во третиот натпревар.

Овојпат подобри од избраничките на Златко Мојсоски беа Унгарките кои славеа со 2-0 во сетови. Првиот сет Унгарија го доби со убедливи 26-8, додека во вториот беше 14-10.

Најдобри поединки во македонскиот состав беа Ива Божиновска и Бојана Диневска со по шест поени, а четири имаше Теодора Гулицоска.

Македонија ќе игра за едно од местата од 13. до 16.

Се вчитува...