Шифрин е „Златна лисица“

Најдобрата американска скијачка Микаела Шифрин четврти пат во кариерата триумфираше ја слаломот од Алпскиот светски скијачки куп во словенечкиот Марибор и ја освои „Златната лисица“. За неа ова е 38. слаломска победа во Светскиот куп во кариерата.

Швеѓанката Ана Свен-Ларсон го освои второто место со заостанување од 77 стотинки зад супереиорната Шифрин која беше водечка и по првото возење. Швајцарката Венди Холденер го пополни последото место на победничкиот подиум.

Микаела Ширин е водечка во поредокот за слаом со 860 бода, 135 бода пред Чехинката Петра Влхова. Идентичен е поредокот на врвот и во генералниот пласман, Американката таму има уште поубедлива предност пред Влхова, 651 бод е позитивата на Шифрин.

Се вчитува...