Шифрин ќе мора да пропушти уште две трки во Светскиот куп

Најдобрата алпска скијачка на сите времиња, Американката Микаела Шифрин ќе ги пропушти трките во велеслалом и слалом во ски-центарот Солдеу во Андора овој викенд.

Шифрин сè уште се опоравува од падот во спустот во Кортина д’Ампецо на 26. јануари, каде го повреди левото колено.

„Секој ден состојбата е се подобра, но моето колено сè уште не може да го издржи напорот потребен за да се натпреварувам на трките во Солдеу“, објави Шифрин.

Се вчитува...