Шишко брани, Трајчевски стрела, Докса обезбеди опстанок во Првата кипарска лига

Докса на нашите Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски стигна до убедлив триумф од 6-1 против Кармиотиса во плеј-аут фазата во кипарскиот шампионат. Трајчевски беше стрелец на последниот гол за домаќините во 71. минута, а Шишковски и на овој меч беше прв избор на голманската позиција.

Докса со овој триумф и математички обезбеди опстанок во кипарскиот шампионат.

 

Се вчитува...