Шишковски: Не чекаат четири меча во само десет дена, но ќе се подготвиме за успешен старт на Лигата на нации

Репрезентативниот голман Дамјан Шишковски оптимистички е расположен во пресрет на јунскиот старт на Лигата на нации за Македонија.

Шишковски, како и останатите во селекцијата, е свесен дека не чека напорен собир ако се знае дека Македонија треба да одигра четири натпревари во само десет дена, но верува дека добро ќе се подготвиме за сите предизвици во желбата за првото место во групата од Ц-лигата на Лигата на нации.

„Знаеме дека ќе бидат тешки натпревари, покрај другото и што се четири во рок од само девет-десет дена. Но, секој од нас е подготвен да го даде максимумот за да се избориме за позитивни резултати по кои секако ќе го отвориме патот кон првото место во групата кое е наша желба“ – вели Шишковски, и дополнува:

„Имаме краток период за подготовка, но сите во репрезентацијата добро се знаеме, добро знаеме и за начинот на работа и очекувањата на селекторот Милевски и знам дека нема да има никаков проблем добро да се подготвиме за натпреварот со Бугарија кој е прв и кој сигурно ќе биде најтежок“.

Се вчитува...