Шкендија Арачиново реагира на судењето во Новаци: Нема да молчиме…

Шкендија Арачиново со реакција на судењето по поразот од Новаци со 1-0 во второлигашката конкуренција. Од тимот од Арачиново реагираат на делењето на правдата на судијата Фатмир Бафто, и според нив, тие одлуки директно влијаеле на конечниот резултат.

„Она што се случи денеска, не може да се нарече човечка грешка, туку чиста тенденциосност“, велат од Шкендија Арачиново, при што наброија неколку спорни ситуации.

„47 минута: Нашиот напаѓач излегува во чиста шанса за гол. Контактот е јасен, фаулот очигледен за сите – освен за судијата Бафто кој реши да ги „затвори очите“.

• 57 минута: Удар со лакт директно во главата на нашиот фудбалер. Наместо фаул и картон за домашниот играч, Бафто досудува фаул за Новаци и му покажува жолт картон на нашиот капитен. Апсурд без преседан.

• 28 минута: Удар со бокс, без топка, од само два метра од судијата. Според „критериумите“ на Бафто, веројатно нашиот напаѓач требаше да биде удрен уште посилно – можеби и прегазен – за да биде казнет домашниот играч.

• 45 минута: Удар без топка директно во ногата на нашиот играч, пред очите на линискиот судија. Дури и противничкиот играч го призна фаулот и се извини. Бафто го заврши полувремето без ниту усна опомена, оставајќи го нашиот фудбалер да лежи на тревникот без да повика лекарска помош“, стои во соопштението на Шкендија и се додава:

„Ова не е судење. Ова е деградација на фудбалот и отворен обид за влијание врз резултатот. ФК Шкендија 77 бара од Судиската комисија да покрене итна дисциплинска постапка против судијата Фатмир Бафто, затоа што вакви натпревари не смеат да се повторат. Нашите фудбалери се бореа чесно – но никој не може да се бори против двојните аршини и неправдата. Фудбалот заслужува правда. Шкендија нема да молчи“.

Се вчитува...