Шкендија Арачиново со реакција за мечот со Победа: Сцените денеска во Прилеп не наликуваат на фудбал и спортски дух

Mакедонскиот фудбалски второлигаш Шкендија Арачиново забележа нова победа во ВМФЛ откако денеска славеше на гостувањето кај Победа во Прилеп со минимални 0-1 во меч од 10. коло.

По мечот тимот од Арачиново излезе со соопштение во кое вика дека е незадоволен од приемот кој го имале во Прилеп.

“ОФИЦИЈАЛНА РЕАКЦИЈА!! Сцените видени денес на стадионот во Прилеп не наликуваат на фудбалот и спортскиот дух што треба да го претставува овој спорт. Она што се случи на трибините и околу теренот не се глетки што треба да се прикажуваат на фудбалски натпревар. Расните навреди, провокациите и лошото однесување не му помагаат на спортот – напротив, го оштетуваат имиџот на фудбалот, клубот и самото натпреварување. Како клуб, силно ги осудуваме овие срамни дела што го нарушуваат достоинството и безбедноста на нашите играчи и навивачи. Бараме од Федерацијата да преземе соодветни мерки и да им додели заслужени казни на организаторите на овој натпревар, за да не се повторат вакви настани. Фудбалот е игра што обединува – а не разделува“, се вели во соопштението на Шкендија Арачиново.

Се вчитува...