Шкендија Арачиново триумфално од Куманово, Фазлагиќ е херојот на арачиновци

Шкендија Арачиново дојде до вториот триумф во новата сезона во ПМФЛ, откако го совлада тимот на Башкими со 1:2 на гостувањето во Куманово.

Енис Фазлагиќ е херојот на арачиновскиот тим кој постигна два гола во оваа победа во Куманово. Новото засилување на Шкендија најпрво во 8. минута успеа да ја затресе мрежата на Башкими. Дојде до една одбиена топка и шутираше прецизно во горниот лев агол.

Но, Башкими дојде до израмнување. Рибеиро од слободен удар во 25. минута го постигна првиот гол за кумановскиот тим во сезоната.

Во втората минута од судиското надополнување Фазлагиќ успеа да донесе предност, што на крајот ќе се покаже како победнички. Фазлагиќ со глава по изведен корнер успеа да ја затресе мрежата, и така да донесе три бода за Шкендија Арачиново.

Се вчитува...