Шкендија е новиот младински шампион на Македонија (ФОТО)

Екипата на Шкендија денеска и официјално е промовирана како нов младински шампион на Македонија за фудбалери до 19 години.

Тетовци стигнаа до шампионската круна во младинска категорија, преземајќи ја од Вардар кој беше македонски шампион минатата година.

skendija - mladinci

Шкендија на најдобар можен начин ја заокружи сезоната со убедливата победа од 9-1 против Пелистер во последното коло. Трофејот за освоениот младински шампионат им го додели членот на УО на ФФМ, Арџент Беќири.

Се вчитува...