Шкендија го надигра Браво, но на полувреме оди со нерешени 1-1 (ВИДЕО)

Ако се гледа според играта и шансите, тогаш Шкендија заслужи да води по првиот дел против Браво. И тоа со повеќе од еден гол разлика.

Но, се повтори она непишано правило „кога не се користат шансите, доаѓа казна“. Па, казната дојде во 16. минута, откако тетовскиот тим не искористи неколку добри шанси во првите минути.

Така Аринзе стигна до левата страна, асистираше до Станковиќ, кој одлично се ослободи и го матираше Амзаи.

Негативата не ја поколеба Шкендија да ја игра својата игра. Така тетовскиот тим продолжи да напаѓа, а Нзенге имаше уште една добра шанса, меѓутоа неговиот удар беше изблокиран и отиде само крај дирекот во корнер.

Сепак, тетовскиот тим ја круниса добрата игра со погодок. Изведен корнер, кратка комбинација, а топката од левата страна уфрлена на петерецот, каде што Нзенге ја чекаше да ја спроведе во голот, но наместо него ја зафати Јован, и си постигна автогол за израмнување.

И по израмнувачкиот гол, тетовските „црвено-црни“ имаа шанси да дојдат и до пресврт кои не ги искористија.

Се вчитува...