Шкендија го одработи официјалниот тренинг пред реваншот со словенечки Браво (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот реванш од двомечот од 2. коло од квалификациите во Конференциската лига против словенечки Браво.

Тетовци во добра атмосфера го одработеа последниот тренинг пред утрешниот меч во кој за задача ќе имаат да ја анулираат негатива од 2-1 од првиот натпревар одигран пред седум дена во Словенија.

Натпреварот меѓу Шкендија и Браво кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е со почеток во 20 часот.

Се вчитува...