Шкендија го промовираше Артим Шаќири – сега ќе биде тренер, потоа спортски директор

Официјално, Шкендија го врати Артим Шаќири, но со нова функција, како спортски директор. Од клубот напоменуваат дека оваа функција ќе почне да ја врши по завршувањето на сезоната, а до тогаш ќе биде тренер на екипата.

„По повод раскинувањето на договорот со Акраповиќ, од ФК Шкендија соопштуваат дека до именувањето на нов шеф на стручниот штаб, во својство на в.д. тренер е назначен Артим Шаќири. За помошник е назначен Бурхан Емурлаху додека во стручниот штаб продолжуваат да бидат Метин Далип и Куштрим Абдулахи“, соопштија од Шкендија.

Шаќири беше дел од Шкендија и како фудбалер, и како тренер. Дресот на тетовци го носеше во 2007-2008, а во натпреварувачката 2012-2013 беше и тренер на екипата.

Бруно Акраповиќ беше тренер на Шкендија од почетокот на сезоната, но беше сменет по ремито со Борец.

Се вчитува...