Шкендија и Ак. Пандев без голови против Брегалница и Ренова на полувремето, Скопје води со ефектниот гол на Најдоски (ВИДЕО)

Само еден погодок во првото полувреме на последните три натпревари од 28. коло од Првата македонска фудбалска лига кои се играат денеска.

Скопје води против Тиквеш со 1-0 благодарение на ефектниот погодок на Дино Најдоски уште во 19. минута од натпреварот.

На натпреварите на Шкендија против Брегалница во Штип, и на Академија Пандев против Ренова во Тетово без погодоци.

Во Штип се игра главно израмнет но отворен натпревар со шанси и на двете страни, но без реализација, а „пандевци“ се подобри на теренот во Тетово но не успеаја да искористат три одлични шанси за водство.

ПРВА ЛИГА – 28. КОЛО
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 0-0

Скопје: СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 1-0

Најдоски 19′

Тетово: РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ 0-0

ВЧЕРА

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0-1

Имери 65′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 1-0

Емини 11′

Велес: БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ 2-0

Ѓорѓевиќ 64′, Ѓоргиев 77′(п)

Се вчитува...