Шкендија и Академија Пандев немаат право на грешка во битката за Европа

Две тешки гостувања денеска имаат тимовите кои се борат за Европа, а воедно можат и да го расипат шампионското славје на Шкупи, кој вчера со триумфот во Битола е само на еден чекор до шампионска титула. Академија Пандев и Шкендија немаат право на грешка, особено по вчерашниот триумф на Македонија ЃП над Работнички, па сега „лавовите“ ја минаа ноќта како второпласирани на табелата. Во финишот на првенството сега никој нема повеќе право на грешка, ако сака да обезбеди пласман во Европа. Другите позиции се веќе познати.

Шкендија гостува во Штип на Брегалница, тим кој нема никаков мотив од натпреварувачко значење, но има мотив да излезе од малата криза, која што ги зафати во пролетниот дел, со што ја загубија позицијата за пласман во Европа.

„Сигурно против Шкендија ќе биде тежок натпревар. Посакуваме да се претставиме во најдобро светло и ако го повториме натпреварот со Македонија ЃП убеден сум дека можеме да триумфираме“, рече Даниел Мојсов, стоперот на Брегалница, притоа додавајќи:

„Ја респектираме Шкендија. Ги знаеме нивните добри и лоши страни и се надевам дека ќе ги стопираме нивните посилни страни, а ќе ги искористиме славостите. Согласно и анализите од стручниот ѓтаб, имаме свои замисли и очекувам квалитетна игра“, вели Мојсов.

Шкендија, пак, после „киксот“ со Ренова минатото коло, ја загуби добрата позиција за Европа, и сега нема повеќе право на грешка, со оглед дека е загрозен пласманот на едно од првите три места на табелата. Велат дека ќе го дадат максимумот и дека се потребни трите бода.

„Секој натпревар има притисок, но ние ќе излеземе за да победиме. Имавме добри натпревари во последно време, доминиравме против секој противник, без разлика дали игравме дома или на гости. Секако ќе биде исто и во Штип, а бидејќи ни се потребни трите бода, верувам дека ќе се вратиме со победа“, рече Џеси Џоу, играчот на Шкендија.

Академија Пандев гостува кај Ренова. И Ренова нема никакво натпреварувачко значење, затоа што веќе долго се во „аут“ од битката за Европа, но „Академците“ ќе треба добро да се испотат за да ги освојат бодовите. Ренова знае да игра со големите, а доказ за тоа е „ремито“ со Шкендија минатото коло. Академија Пандев во последните две кола имаат потешкотии откако загубија на свој терен од Скопје, а одиграа 1-1 со Борец во Велес, но и натаму се во тесна трка за излез на меѓународна сцена.

Третиот натпревар со кој ќе се комплетира денешното 28. коло, е меѓу Скопје и Тиквеш на Автокоманда. Двата тима кои ќе играат бараж за опстанок на крајот од сезоната, денеска еден против друг за, само, кој ќе биде пред кого на табелата во ПМФЛ.

ДВОЈКИ, 28 КОЛО

ДЕНЕСКА, 16:00 Ч.

Штип: Брегалница – Шкендија

Скопје: Скопје – Тиквеш

Тетово: Ренова – Ак. Пандев

ВЧЕРА:

Пелистер – Шкупи 0-1

Борец – Струга ТЛ 2-0

Македонија ЃП – Работнички 1-0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...