Mакедонскиот фудбалски прволигаш Шкендија игра без голови 0-0 на полувреме против шкотски Хибернијан во реваншт натпреварот од двомечот во 3. коло од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.
Шкендија првата шанса ја имаше уште во 4. минута, но од некои единаесеттина метри покрај голот на Шкотите биеше, Алмир Криезиу. Во продолжението не се случи ништо поконкретно, па по 15 минути игра на семафорот се уште стоеја почетните 0-0.
Во 25. минута Криезиу кој беше најдобар фудбалер на домашните повторно се закани, но неговиот шут повторно заврши покрај голот на Салинџер. Првпат по голот на Шкендија гостите се заканија во 37. минута, кога по десната Елдинг имаше шанса да ги проигра своите соиграчи, но тетовци ја расчистија ситуацијата.
За потсетување нашиот тим има негатива од 2-1 од првиот натпревар одигран пред седум дена во Шкотска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
