Шкендија и Македонија ЃП ремизираа во Тетово

Шкендија се уште не е доволно добро подготвена за настап во квалификациите за Лигата на Европа, барем ако се суди по денешниот тест со Македонија ЃП. Тетовскиот тим ремизираше 1-1 против „лавовите“ иако покажа доминација во поле, во поголемиот тек од натпреварот, но Македонија ЃП не искористи пенал.

Шкендија поведе со голот на Јан Кривак, но до крајот на првото полувреме Петров го израмни резултатот. Составот на Ернест Ѓока бараше и втор гол за победа, но ѓорчепетровци не дозволија да бидат поразени.

 

Се вчитува...