Шкендија или Академија Пандев – за осигурување на Европа, „лавовите“ по изненадување на Чаир

Прволигашките финални возбудувања на сезоната денеска со 31. коло во кое две интересни пресметки во битката за Европа. Шкендија гостува на Академија Пандев во директна битка за осигурување на европската сцена следната сезона, а Македонија ЃП со отворена желба за изненадување на Чаир против новиот шампион Шкупи.

Тетовчани гостуваат во Струмица, во натпревар кој може да одлучи кој ќе заврши на второто место, верувајќи дека може до трите бода.

„Подготвени сме како тим да ги надминеме потешкотиите кои преостануваат до крајот на шампионатот. Одиме во Струмица да ги освоиме трите бода, иако ќе биде поинаков натпревар од претходниот во Тетово. Ќе ја играме нашата игра и верувам дека ќе се вратиме дома со победата“, вели Клисман Цаке.

Шкендија има бод повеќе од Академија Пандев, но во игра за втората или третата позиција е и Македонија ЃП која нескриено посакува европски излез и преку првенството, иако останува трофејот во Купот на Македонија како втора опција.

ПРВА ЛИГА – 31. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ

Струга: СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Кавадарци: ТИКВЕШ – РЕНОВА

Скопје: СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА

Се вчитува...