Шкендија купува напаѓач од Шефилд Венздеј?!

Македонскиот прволигаш Шкендија ангажираше три интернационални засилувања во овој зимски преоден рок, но нема намера тука и да застане. На ред е ангажман на нов напаѓач, а Шкендија, како што дознава ЕКИПА, е во сериозни преговори за ангажман на Адхе Нухиу, австриски интернационалец со косовско потекло, кој е член на Шефилд Венздеј, клубот кој се натпреварува во Чемпиониш дивизијата на Англија.

Се работи за робусен напаѓач (27 години, роден во Приштина), кој игра одлично со глава како главна карактеристика, а добро се служи и со двете нозе. Тој е во Шефилд Венздеј од 2013 година, а претходно го носел дресот и на австриските клубови Рапид Виена, Риед и Австрија Кернтен. Има искуство и од Турција, каде беше член од Ескишехирспор. Оваа сезона Нухиу има одиграно 274 минути на 14 натпревари во Чемпионшип – дивизијата, не е стандарден првотимец, па Шкендија сака тоа да го искористи и да се обиде да го доведе во Тетово. Неговата вредност во моментов е проценета на околу 500.000 евра.

Интересно, тренерот на најголемиот ривал на Шкендија, актуелниот првак Вардар, Гоце Седлоски, во еден период од својата кариера, во 1998 година, беше член токму на Шефилд Венздеј.

Се вчитува...