Шкендија на лесно загревање во Струмица пред заминувањето за Романија

Шкендија е голем фаворит на денешното гостување во Струмица против Беласица во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига. Дуелот со струмичани за Шкендија треба да претставува само едно полесно загревање пред заминувањето за Романија каде ги очекува мегданот со Ботошани во 2. квалификациско коло од Лигата на Европа.

Се очекува тетовци да настапат и со комбиниран состав против прволигашот кој се чини и нема доволно сила да се спротистави на останатите прволигаши на почетокот од сезоната. Посебно ако се знае дека Беласица, за време на паузата, ја напушти и најдобриот напаѓач Мартин Мирчевски кој се пресели во редовите на Вардар.

Шкендија за Романија заминува во среда, а веќе на 17. септември ја очекува пресметката со Ботошани во чии редови настапуваат македонските интернационалци Давид Бабунски и Стефан Ашковски.

ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА

Струга: СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС

УТРЕ (16 ч.)

Скопје: ВАРДАР – ШКУПИ

Битола: ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП

Велес: БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ

Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ

Се вчитува...