Фудбалерите на Шкендија вечерва го пречекуваат словенечки Браво во обид да ја надминат негативата од еден гол од првиот меч во Љубљана и да ги продолжат настапите во квалификациите за Конференциската лига.
Управата на клубот се реши за популарен потег – бесплатен влез во арената се со цел што повеќе навивачи да се најдат на трибините и да им дадат поддршка на избраниците на Атим Положани.
„Ова дефинитивно е добар гест од нашата управа, поврзаноста меѓу Шкендија и навивачите е огромна. Сакам да нагласам, навивачи на Шкендија не се само „балистите“ кои ни дадоа огромна поддршка и во Словенија, туку сакаме да привлечеме што поголем број наши приврзаници, да дојдат на стадион и да ни помогнат да стигнеме до посакуваната победа“, изјави тренерот Положани.
„Потег на нашата управа што заслужува пофалби. Европски натпревар со добар противник, ги поканувам сите фанови, нашите „балисти“ но и сите останати навивачи да дојдат и да ни дадат поддршка, се надевам дека на крајот заеднички ќе го прославиме пласманот во следната рунда“, додаде Дрилон Исљами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
