Шкендија подобра од ЦСКА Софија, нека дојде Мура

Шкендија на четвртиот подготвителен натпревар летово ја забележа третата победа, откако македонскиот првак славеше со 3-2 на пријателскиот меч што го одигра во Банко против бугарскиот гигант ЦСКА Софија.

Ова беше генерална проба за тетовци пред квалификациите за Лигата на Шампионите против Мура, а тренерот Ѓока мора да биде задоволен од она што го виде од своите избраници, пред се од изданието во нападот.

Зејнулаи беше стрелец на првиот гол во 22. минута, Шкендија во второто полувреме зголеми на 2-0 со автоголот на Видев, а третиот погодок беше дело на Бесарт Ибраими од пенал во 59. минута, за водство од 3-1. Стрелци на головите за ЦСКА беа Климентинов и Цанев.

Се вчитува...