Шкендија потврди: Имери оди во Анталија

Анталија е новиот клуб на Омар Имери, кој си заминува од Шкендија за да ја продолжи кариерата во силниот турски шампионат. Во изминатиот период сериозен интерес за Имери покажуваше и Фенербахче, но Анталија беше најконкретна во преговорите на тетовци, договорајќи ги деталите од трансферот што официјално беше потврден денеска.

„Сакаме јавно да му се заблагодариме на Имери за придонесот и за посветеноста носејќи го нашиот дрес. Му посакуваме многу среќа и успех во иднина. Добрата соработка меѓу Шкендија и Анталија овозможи да се комплетира трансферот на Имери во турскиот прволигаш“, се вели во соопштението на тетовскиот клуб.

Имери, кој е младински репрезентативец на Албанија, пристигна во Шкендија летото 2018 година и беше дел од шампионската екипа од сезоната 2018/19.

Се вчитува...