Се подалеку е Шкендија од третото квалификациско коло во Лигата на Конференции, откако прими гол во 17. минута од Браво на реваншот во Скопје, со што сега слвоенечкиот тим има предност од вкупни 1-3.
А, Шкендија одлично го почна натпреварот. Редеше шанси, имаше Нзенге одлична можност, за малку гостите ќе си постигнеа автогол, а потоа следуваш „студен туш“.
Аринзе се прошета низ одбраната на Шкендија, имаше и малку среќа, ја исконтролира топката, додаде до Станковиќ, овој со дриблинг се ослободи од своите чувари и од 15-16 метри шутираше прецизно во голот на Амзаи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
