Шкендија се раздели со спортскиот директор Ардијан Цуцули

Шкендија денеска официјално информираше дека е прекината соработката со спортскиот директор Ардијан Цуцули.

Тетовци информираат дека е договорна разделбата со едно од најистакнатите имиња на клубот во историјата.

„По три години на позицијата спортски директор, Ардијан Цуцули го завршува својот ангажман во Шкендија. Клубот му се заблагодарува за придонесот и посветеноста дадена во текот на овој циклус. По завршувањето на ангажманот на Ардијан Цуцули на позицијата спортски директор, се затвора уште едно поглавје од неговото долго патување со црвено-црниот клуб“ – информираат од Шкендија во своето соопштение, и дополнувајќи:

„Поранешниот капитен и едно од имињата кои дале голем придонес за Шкендија во различни периоди, Цуцули ја заврши својата кариера како фудбалер токму во црвено-црните бои, за потоа да продолжи три години на позицијата спортски директор, како дел од историските успеси. Клубот му се заблагодарува на Ардијан Цуцули за работата, посветеноста и придонесот дадени низ годините во Шкендија, посакувајќи му здравје, успех и се најдобро во иднина“.

Се вчитува...