Шкендија со еден гол освои три бода во дуелот со Работнички. И тоа уште во раната фаза, во петата минута кога шампионот успеа да го отвори противникот, а потоа наместо да постигне уште некој гол и порано да го затвори мечот, дозволи „романтичарите“ да имаат можност со бод да си заминат од ова тешко гостување.
Прв се закани Ибраими, но Василев одбрани. Тоа се случуваше во третата минута, и како да беше предвесник аз она што ќе се случува стотина секунди подоцна.
Одлична акција на домашните, од средината кон десната страна од каде Трумчи додаде до Тамба, кој ја заби топката под пречката и го совлада Василев.
Во 25. минута Шкендија имаше огромна шанса преку Ибраими, но Мециновиќ од самата гол линија успеа да спаси сигурно водство од 2-0. Работнички на другата страна можеше да казни преку Имери во 39. минута кога шутираше откосо од десно, но Гаје одбрани.
Во вториот дел „заспаа“ и двата тима. Како да немаа сила за уште некоја шанса. Чуди што Шкендија не нападна да го реши прашањето околу освојувачот на трите бода, додека Работнички имаше една прилика преку Кадриу, но одбрани Гаје.
Во финишот Тамба можеше да донесе 2-0, но не успеа да реализира. Во вториот дел и едните и другите постигнаа по еден гол, но беа поништени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

