Шкендија со победа против Гостивар ги почна летните тестови

Во првиот пријателски натпревар за време на летните подготовки екипата на Шкендија славеше минимално со 0-1 на гостувањето против второлигашот Гостивар.

На дуелот кој се одигра во Гостивар тетовци беа подобар противник доаѓајќи до триумфот со погодокот на Омар Имери во 30. минута.

Во второто полувреме „црвено-црните“ имаа уште неколку можности за погодок но резултатот остана непроменет.

Се вчитува...