Шкендија стартуваше во Анталија: 27 фудбалери ќе се докажуваат пред Брдариќ

И тетовска Шкендија од вчера ја стартуваше втората фаза од своите зимски подготовки, во Анталија, Турција.

Тетовци го одржаа и првиот тренинг во Анталија под водство на Томас Брдариќ, на спортскиот комплекс во рамките на „Глорија ресорт“ во областа Белек.

За време на подготовките во Анталија планирано е одигрување и на четири пријателски натпревари. Брдариќ поведе 27 фудбалери меѓу кои и трите зимски засилувања, Чолак, Медједовиќ и Чолаковиќ.

Покрај Шкендија во Анталија овој период ќе се подготвуваат уште четири македонски прволигаши, Вардар, Пелистер, Работнички и Силекс, а во турскиот туристички центар ќе бидат и фудбалерите на Академија Пандев.

Се вчитува...